Претходна статија
Тендер за изградба на ново основно училиште во Капиштец
Следна статија
„Ибни Пајко“ и уште четири други згради ќе преминат во „барок“

Ќе се возобноват некогашните куполи на главната пошта

Објавено на 11.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во тек е постапка за избор на градежна компанија што ќе ги изведе уништените светлосни куполи над шалтер салата, со што Главната пошта во Скопје наскоро ќе го добие оригиналниот архитектонски изглед. Овој зафат доаѓа по целосната санација на бетонскиот дел од покривот во текот на минатата година, кога беше поставена и хидроизолација. Проценетата вредност на претстојните градежни работи, со кои целосно ќе се заштитат внатрешните простории на објектот од атмосферски влијанија е 5 милиони денари, а рокот за изведба една година.

 

 

 

Санацијата на зданието „Пошта – 1“ следи по катастрофалниот пожар од јануари 2013 година. Во изминативе три години постепено се одвиваше реконструкција на административните простории, а лани со средства од околу 5 милиони денари беше саниран и бетонскиот дел од покривната конструкција. Во претстојниот период останува и внатрешното уредување на шалтер салата, која е предвидено да биде ангажирана за владиниот проект за едношалтерски систем.