Градот Скопје и ЈСП ги продолжуваат активностите од проектот за замена на старите и поставување на нови модерни автобуски постојки во македонската метропола. Изминатиов период почна поставувањето на нови автобуски постојки по должината на булеварите „Јане Сандански“, „Партизански одреди“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во општините Карпош и Аеродром. Градските власти информираат дека годинава ќе бидат поставени 56 автобуски постојки, кои во најголем дел ќе бидат лоцирани на булеварите „Јане Сандански“ и „Партизански одреди“. Вредноста на проектот изнесува 11 милиони денари, обезбедени од Градот и од ЈСП – Скопје.
* Извор на фотографија: Град Скопје
Новите 52 автобуски постојки се надополнување на започнатиот проект за замена на старите и поставување на нови постојки. Во првата фаза од проектот, кој почна да се реализира во 2013 година, поставени се 226 автобуски постојки, за што беа издвоени 66 милиони денари од градскиот буџет.