Претходна статија
Во Прилеп изградена зграда со 76 социјални станови
Следна статија
Нова фекална канализација и пречистителна станица во Илинден

За растерување на сенки од скулптурите ќе се потрошат над 20.000 евра

Објавено на 02.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

На скулптурите од владиниот проект „Скопје 2014“ се појавиле сенки. За да ги растера, Градот Скопје кон крајот на минатата година склучил дополнителен договор за непредвидливи работи поврзани со проектот за илуминација на спомен – обележјата, скулптурите и фонтаните во централното градско подрачје. „За да се обезбеди потребната осветленост на скулптурите таму каде што се појавиле сенки, од страна на надзорниот орган Градежен Институт Македонија АД Скопје, констатирано е дека е неопходно да се употребат потребен број насочувачи (оптички огледала) со чија помош ќе се обезбеди делумно собирање на светлината и усмерување кон скулптурата“, наведуваат од Град Скопје во објавеното образложение за склучување на договорот.

 

 

 

За растерувањето на сенките од скулптурите од градскиот буџет се одвоени 1.444.111 денари, или над 20.000 евра. Работите на дело ќе ги изведе фирмата „Електроизградба“ од Скопје, со која градските власти во јуни 2015 година го склучиле договорот за осветлување на постојните скулптури, спомен – обележја и фонтанти во вредност од 5.897.679 денари. За да ги одржи во одлична кондиција пред домашните и странските посетители, Градот Скопје се погрижил на фонтаните и спомен – обележјата од проектот „Скопје 2014“ да им обезбеди соодветно одржување, кое граѓаните на главниот град ги чини 30.000.000 денари. Ланскиот договор со компанијата „Бетон“ од Скопје е склучен кон крајот на јуни, за временски период од 12 месеци.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk