Претходна статија
Населбата Жданец годинава со нов иновативен сквер
Следна статија
Карпошовци и оваа сабота ќе протестираат против новите урбанистички планови

Објектот на „Вардар филм“ во постапка на реконструкција

Објавено на 28.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Се заокружува проектната документација за реконструкција и адаптација на просториите во рамките на објектот на „Вардар филм“, лоциран непосредно до Градскиот парк во Скопје. Деновиве беше распишан огласот за избор на субјект што ќе ја ревидира проектната документација за изведба на тонско студио и простории за филмскиот центар „Вардар филм“, кој го наследи објектот, заедно со славата на некогашната култна филмска установа од поранешна Југославија. Проектот веќе е изработен од архитектонското биро „Лоу тек“, кое на него работеше во изминативе неколку месеци. Со претстојната ревизија на документацијата за ентериерно обликување и опремување на просторот ќе бидат создадени сите предуслови за отпочнување на реконструктивниот зафат.

 

 

 

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска лани во неколку наврати го најави проектот за санација и адаптација на внатрешните простории на ова здание. Со претстојната интервенција ќе се обноват 570 метри квадратни од објектот, кои ќе прераснат во простории за продукција на филмови. Меѓу нив, предвидено е да се реновира и тонското студио за постпродукција на звук. За изработка на проектната документација беа издвоени средства во висина од 475.352 денари, додека нејзината ревизија е проценето дека ќе чини околу 300.000 денари.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk