Претходна статија
Пациентите годинава ќе можат да го користат ПЕТ Центарот
Следна статија
Професорите бараат на УКИМ да се дискутира за двата „барокни“ факултети во кампусот

Палатата АСНОМ подготвена да ги нагости владините функционери

Објавено на 26.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Продолжува реконструкцијата на владината палата АСНОМ во центарот на Скопје. Приземјето на поранешниот објект на Комерцијална банка ќе се пренамени во ресторан. Владината Служба за општи и заеднички работи веќе склучила договор за изработка и монтажа на иноксни елементи во идниот ресторан со Фирмата „Фриготехника 2000“ од село Боговиње, која за своите услуги ќе добие над 3,7 милиони денари од државниот буџет. Покрај оваа интервенција, палатата АСНОМ во иднина ќе добие и ЛЕД екран за надворешна употреба, за што владата проценила дека ќе одвои 37,8 милиони денари. За идниот административен објект веќе се одвоија 20,2 милиони денари за првата фаза од адаптацијата и ентериерното уредување на просториите.

 

 

 

Македонската влада го купи некогашниот објект на Комерцијална банка кон крајот на декември 2012 година. И покрај повеќето најави за преместување на разни државни институции во овој објект, до денешен ден не се целосно завршени градежните работи од реконструктивниот зафат на зградата. Како и останатите објекти од централното градско подрачје, владината палата АСНОМ во наредниот период е предвидено да го добие епитетот „барокна“. Процесот на менување на стаклената модернистичка фасада на зградата веќе е започнат. Градот Скопје кон крајот на декември лани го објави архитектонскиот Конкурс за избор на идејно решение за овој објект. Како и досега, проектот „Скопје 2014“ ќе се реализира со финансиски средства на граѓаните, во конкретниот случај, со финансии од Буџетот на Град Скопје.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk