Претходна статија
Скопје со најмногу планирани станови за градење во ноември 2015
Следна статија
Изложбата за уништувањето и обновата на Варшава отворена до 5 февруари

Спомен-костурницата во Велес повторно достапна за граѓаните

Објавено на 15.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денес изврши увид во завршената реконструкција на Спомен-костурницата во Велес. Со финансиски средства од 4,5 милиони денари, во изминатиов период беше извршена надворешна реконструкција со соодветна изолација за да се заштити од атмосферски влијанија. Во следната фаза беше реализирана внатрешна реконструкција на објектот, вклучувајќи ја санацијата на вредниот мозаик на академик Петар Мазев. Во Спомен-костурницата во наредниот период ќе се постават четири скулптури од уметникот Станко Павлески, а предвидено е и хортикултурно уредување, осветлување и поставување на безбедносни камери во околниот простор.

 

Во кругот на Спомен-костурницата, по барање на Сојузот на борците од НОВ, ќе се постават дел од преостанатите бисти на загинати борци во НОВ од велешкиот регион. Како значаен споменик на културата, маркантното архитектонско здание е изградено во 1979 година.