Претходна статија
Ќе се обновуваат фасади на репрезентативни објекти во Струга
Следна статија
Наместо гаража во „барок“, Општина Центар ќе инвестира во ново училиште во Капиштец

Владата за годинава најавува реконструкција на 60 училишта

Објавено на 12.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Премиерот Никола Груевски денеска најави дека годинава со државни средства ќе се изградат осум нови основни училишта на територијата на целата земја. Две од нив веќе се почнати лани, додека преостанатите шест објекти ќе почнат да се градат во текот на 2016 година. Покрај изградбата на осум нови објекти, премиерот Груевски најави дека годинава ќе се реконструираат и 60 основни училишта низ целата земја. Владиниот проект ќе се реализира со финансиски средства обезбедени од државниот буџет.

 

 

 

„Оваа година ќе има темелна реконструкција на 60 училишта и се вкупно со претходните реконструкции од минатите години ќе имаме околу 450 реконструирани училишта. Вложени се големи средства и во изградба и во реконструкција на овие објекти. Вложени се над 50 милиони евра во градба на училишни објекти и исто така огромен износ во реконструкција на објекти“, изјави Груевски.