Во Струга во текот на 2016 година ќе се изврши реновирање на фасадите на два објекти од староградската струшка архитектура и ќе се заврши конзервацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Ѓорѓи“. Според информациите од Заводот и музеј – Охрид, годинава е предвидено да се реализира конзервација на куќите на Коџоман и Владо Малески. Во 2017 година ќе се реконструираат објектите на Несторови и на Ружа Ѓореска. Потребните средства се обезбедени од Министерството за култура, во рамките на проектот за возобновување на фасадите од староградската архитектура во градовите низ земјава. Во изминативе две години во Струга се спроведува и конзервација на фрескоживописот на црквата „Свети Ѓорѓи“. Последната фаза од конзервацијата на верскиот објект ќе се реализира во текот на оваа година.