Претходна статија
Академик Марко Мушич: Никој ме нема известено за двата нови факултети во кампусот на УКИМ
Следна статија
Започна изградбата на фекален колектор на булеварот „Видое Смилевски Бато“

Повторно тендер за реконструкција на скопската болница „Св. Наум Охридски“

Објавено на 04.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По првиот неуспешен тендер во јули минатата година, Министерството за здравство деновиве повторно публикуваше оглас за избор на градежна фирма што ќе го санира, реконструира и догради објектот на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, лоцирана спроти Собранието на Р.М. во Скопје. Реконструктивниот зафат на вториот по ред тендер има поголемата вредност, која се искачи на 125.000.000 денари без вклучен ДДВ, односно околу 2 милиони евра. Здравствената установа во наредните месеци треба да добие нова медицинска опрема, која ќе го подобри нивото на здравствени услуги што им се достапни на пациентите.

 

Со претстојниот проект треба целосно да се реконструираат внатрешните простории на болницата, вклучувајќи го оперативниот блок, одделот за интензивна нега, просторот за реанимација на пациентите, покривната конструкција, болничките соби и влезот за Итната медицинска помош. Ќе се изгради и дополнителна асептична операциона сала. Во тендерската документација се посочува дека севкупните градежни активности ќе се одвиваат во временски период од 24 месеци. Градежните компании имаат рок до 20 јануари за да ги достават своите понуди за учество на распишаниот тендер.

 

Овој здравствен објект во центарот на Скопје претставува една од првите точки во развојот на модерната архитектура во нашата земја. Изградена во 1929 година, болницата претставува архитектонско дело на хрватскиот автор Драго Иблер.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk