Министерството за здравство распиша тендер за избор на градежна компанија што ќе ја реконструира Градската општа болница во Струмица. Проектот најавуван долги години наназад ќе се реализира во наредните 36 месеци. Од надлежното министерство процениле дека вредноста на проектот ќе изнесува околу 5,2 милиони евра. Со претстојниот зафат треба да се прошири болничкиот простор, поради сместување на ургентното, гинеколошкото и оперативните одделенија. Станува збор за површина од 6.000 метри квадратни, за која веќе е подготвена неопходната проектна документација.
Тендерот е отворен до 5 февруари 2016 година, рок до кој градежните компании треба да достават понуди . Ако непречено се одвива тендерската постапка за санација на струмичката градска болница, тогаш нејзиното пуштање во употреба може да се очекува во текот на 2019 година.
Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk