Претходна статија
СДСМ: Државата да покрива 50% од комуналиите за изградба на куќа
Следна статија
Цената на билет во автобусите на ЈСП останува 35 денари

Почнува проектот за унификација на излозите во Скопската чаршија

Објавено на 18.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за економија Беким Незири и претседателот на здружението „Еснаф“ Бејтула Морина денеска потпишаа договор за реализација на проектот за уредување на излозите и натписите на дуќаните лоцирани во Старата скопска чаршија. Јавниот повик за аплицирање на дуќанџиите веќе е објавен, а за проектот се обезбедени средства во износ од 400.000 евра. Иницијативата на Министерството за економија има за цел да го врати автентичниот изглед и да ги зачува културните вредности што ги поседува Старата скопска чаршија. Со претстојниот зафат ќе се унифицираат излозите на 60-тина дуќани од чаршијата.

 

##

 

 

Министерот Незири денеска најави дека проектот ќе продолжи и следната година, со тоа што крајната цел е да се опфатат сите дуќани од чаршијата. За зафатот што следува е изработена неопходната техничка документација за конзервација, санација и адаптација. За секој дуќан е подготвен посебен проект во три фази, кој вклучува претходен изглед на дуќанот, фактичка состојба во моментов и планиран изглед по интервенцијата за уредување на излогот. Интервенцијата ќе се реализира со соработка меѓу дуќанџиите, Министерството за култура и Конзерваторскиот центар.

 

Со зафатот ќе се уредат излозите на дуќаните, тендата и натписот на секој дуќан, околното зеленило, а оставена е можноста и за поставување на традиционалните ќепенци. Со проектот е планирано да се спроведат и мерки за енергетска ефикасност.