Претходна статија
Во Кичево ќе се гради пречистителна станица за отпадни води
Следна статија
Нови моменти од најавената „барокизација“ на кампусот на УКИМ

Трета фаза од проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“

Објавено на 12.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Премиерот Никола Груевски и скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска го означија почетокот на третата фаза од проширувањето и реконструкцијата на булеварот „Борис Трајковски“. Станува збор за реконструкција и проширување на оваа скопска сообраќајница на потегот од фабриката Стаклара до влезот во населбата Пинтија. Градежните работи ќе се одвиваат во наредните 18 месеци и ќе опфатат проширување на коловозот од две на четири сообраќајни ленти (вкупна широчина од 13,7 метри), пешачки патеки од двете страни на коловозот и велосипедска патека.

 

* извор на фотографија: Град Скопје 

 

 

Градоначалникот Коце Трајановски информираше дека должината на трасата подложна на проширување изнесува 2.200 метри. Тој додаде дека долж целиот булевар ќе се изведе атмосферска канализација, а планирано е поставување и на ново улично осветлување со 121 столбови. Градежните работи на терен ги изведува македонско – бугарски конзорциум од компании, составен од „Бетон“ од Скопје, „Бауер БГ“ од Скопје и бугарски „Понстрој инженеринг“. Висината на инвестицијата изнесува 3,7 милиони евра, при што најголем дел од средствата се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој и од Светската банка.

 

Од Град Скопје денеска посочија дека по завршувањето на тековната етапа, ќе следува четвртата и последна фаза од проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“, која го опфаќа сегментот од населбата Пинтија до Драчево.