Претходна статија
Студентски пленум против „барокизација“ на универзитетскиот кампус
Следна статија
Во Куманово ќе се реконструира и проширува канализационата мрежа

За 79,2% пораснал бројот на предвидени станови во октомври

Објавено на 10.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Десеттиот месец од 2015 година носи зголемување на бројката на предвидени станови за градење во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, деловните субјекти и физичките лица во октомври 2015 година обезбедиле одобренија за градење на 869 станови, со вкупна корисна површина од 69.474 метри квадратни. Споредено со идентичниот период лани, статистичарите забележале пораст од 79,2% кај бројот на планирани станови за градење и 75,9% во делот на нивната корисна површина. Градежните компании ја започнале постапката за изведба на 570 станови со површина од 39.641 метри квадратни, додека во преостанатите живеалишта ќе инвестираат физички лица.

 

 

 

Слично на досегашните придвижувања во овој сектор од пазарот на недвижности, изградбата на нови живеалишта е сконцентрирана кон подигање на трисобни (298) и двособни станови (278). Скопскиот регион со 564 предвидени станови за градење и понатаму останува најинтересен за вложување во овој сегмент од градежништвото, при што во октомври големо придвижување е забележано и во североисточниот регион, каде што се издадени градежни дозволи за 168 нови станови. Скопската општина Кисела Вода во текот на октомври 2015 година ја одобрила изградбата на 309 станбени единици, општина Куманово издала одобренија за градење на 166 станови, додека на територијата на општина Аеродром во иднина ќе се издигнат 121 нови станови.

 

Во октомври 2015 година се издадени 326 одобренија за градење, што е за 35,3% повеќе во однос на истиот период од минатата година. Во согласност со издадените градежни дозволи, предвидената вредност на објектите изнесува 5.050.934 илјади денари, односно за 52,9% повеќе во однос на идентичниот период лани. Од вкупниот број на одобренија за градење, 187 (57,4%) се однесуваат на објекти од високоградба, 45 (13,8%) на зданија од нискоградба и 94 (28,8%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 326 објекти, на 202 (62%) како инвеститори се јавуваат физички лица, додека на 124 (38%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk