Претходна статија
Трет тендер за довршување на „класицистичката“ зграда на ЕЛЕМ
Следна статија
Се рехабилитираат патиштата Бошков мост - Дебар и Мелнички мост - Центар Жупа

Заем од 37 милиони евра за далновод кон Албанија

Објавено на 10.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Државната компанија МЕПСО потпиша договор со Европската банка за обнова и развој (EBRD) за кредит во износ од 37 милиони евра наменет за изградба на нов 400 kV интерконективен далновод, што ќе ги поврзува електропреносните системи на Македонија и Албанија. Енергетскиот линк ќе треба да ги поврзе 400/110 kV трансформаторските станици „Битола 2“ и „Елбасан“. Со кредот ќе се изведат 95 километри од далноводот, како и нова 400/110 kV трансформаторска станица во Охрид. МЕПСО во овој проект ќе учествува и со сопствени средства, кои се дел од грантот од 12 милиони евра од фондот Инвестициска рамка за Западен Балкан и Европската унија.

 

Со реализацијата на проектот ќе се зголеми преносниот капацитет на мрежата во земјава, ќе се создаде можност за приклучување на нови производствени капацитети, а ќе се намалат и техничките загуби на електрична енергија во преносниот систем. За нашата земја е особено важна новата трансформаторска станица во Охрид, со која ќе се зголеми сигурноста во напојувањето со електрична енергија.

 

Комплетната техничка документација за новиот далновод помеѓу Македонија и Албанија ќе се изготви во текот на 2016 година, а електроенергетските објекти е предвидено да се завршат до 2019 година. Вкупната очекувана вредност на овој проект е над 65 милиони евра.