Претходна статија
Системот за наводнување „Дебарско Поле“ пред реконструкција
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: „Барокот“ надвисна над фасадите во центарот на Скопје

И електропреносната мрежа на МЕПСО ќе се рехабилитира со кредит

Објавено на 04.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

За рехабилитација и надградба на електропреносната мрежа во земјава, подигнат е кредит во износ од 40,5 милиони евра. И додека државната компанија МЕПСО одвојува финансии за изведба на класицистичка фасада на своето седиште во центарот на Скопје, за реконструкција на инфраструктурата за пренос на електрична енергија ќе се задолжиме кај Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Според информациите објавени од ЕБОР, постапката за објавување на тендер за проектот ќе стартува до текот на месецов, додека самиот зафат би требало да почне со реализација во 2016 година.

 

 

 

Со кредитното задолжување на нашата земја е предвидено да се набави и монтира опрема за трафостаници, како и да се постави систем за далечински мониторинг, видео надзор, контрола и приспособување на под-станици. Со зафатот ќе се реализира затворање на оптичката мрежа во преносната мрежа и ќе се изработи модел за нејзино максимално искористување. Од ЕБОР ќе ја финансираат и реконструкцијата на 110-киловолтни далекуводи на територијата на земјава.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk