Претходна статија
Народната банка сигнализира намалување на цената на становите
Следна статија
Архитектите бојкотираат, Град Скопје си тера по старо

Критична маса ќе вози за здрав транспорт во македонските градови

Објавено на 23.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

43-тото издание на Критична маса ќе се тркала низ скопските улици во среда (25 ноември) за развој на здравиот транспорт во Скопје. Под мотото „Здрав транспорт за здрави градови!“, граѓанската иницијатива „На Точак“ на 26 и 29 ноември ќе вози и во четири други градови од земјава, и тоа во Прилеп, Битола, Штип и во Гостивар. Соочени со енормно загадување од различни извори (затоплување, сообраќај, индустрија) и со други пропратни проблеми од авто – центричното планирање (покрај загадувањето и небезбедноста и неактивноста), од иницијативата ги повикуваат сите граѓани да им се приклучат на велосипедско возење низ градските средини.

 

 

 

Од „НаТочак“ сметаат дека е дојдено време за темелна промена на урбаните политики во македонските градови, и тоа првенствено за обезбедување простор за сите начини за транспорт и давање предност на одржливите начини на транспорт. Здруженото возење велосипеди низ македонските градови е за да се привлече вниманието и кон нивното второ барање, кое се состои од реализација на политика што ќе овозможи користење на повеќе опции на транспорт (јавен транспорт, пешачење и велосипеди).

 

„Сакаме да видиме безбедни и пријатни услови за пешачење и возење точак, за граѓаните да бидат привлечени кон овие нештетни (ни по здравјето, ни по природата) начини на транспорт“, посочуваат од граѓанската иницијатива „НаТочак“.