Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Во Градскиот парк се најде место и за фудбалска академија
Следна статија
Пуштен во употреба блокот Б од студентскиот дом „Гоце Делчев“

Тендер за првата зграда од проектот „АРМ – мој вистински дом“

Објавено на 02.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за одбрана денеска го публикуваше огласот за избор на градежна компанија што ќе ја гради првата станбена зграда од проектот „АРМ – мој вистински дом“ во склоп на скопската касарна „Илинден“. Станува збор за станбена зграда со подрум, приземје и четири ката, составена од еднособни, двособни и трособни станови, како и подземен гаражен простор за паркирање. Градежните работи е неопходно да завршат во рок од 12 месеци по изборот на фирма изведувач.

 

 

 

Од буџетот на надлежното министерство е проценето дека ќе се одвојат 105.932.203 денари за овој проект, односно над 1,7 милиони евра без вклучен ДДВ. Распределбата на станови за припадниците на АРМ ќе се врши според објавениот оглас за купување на стан во лична сопственост, со кој на секој поединец му се нуди можност за отплата на станот на 240 рати и за субвенционирана каматна стапка, како и опција за 30 процентно учество од градежната цена. Министерството за одбрана во моментов ја води процедурата за добивање на одобрение за градење од Општина Карпош за овој станбен објект.

 

Заинтересираните градежни фирми што сакаат да бидат изведувачи на објектот треба да ги достават своите понуди најдоцна до 23 ноември, за кога е закажано и нивното јавно отворање. По изборот на најповолниот понудувач, кон крајот на декември или почетокот на јануари треба да започне изградбата на првиот станбен објект за припадниците на АРМ во касарната „Илинден“.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk