Претходна статија
Пуштен во употреба блокот Б од студентскиот дом „Гоце Делчев“
Следна статија
Се продаваат плацови за викендички на езерото „Младост“

Почнува реконструкцијата на прилепскиот стадион „Гоце Делчев“

Објавено на 02.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По скопската арена „Филип Втори“, Прилеп ќе го поседува вториот најголем фудбалски стадион во земјава. Со планиран капацитет за 18.000 гледачи, во наредните години таму ќе може да се одигруваат меѓународни натпревари според стандардите на УЕФА. Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески и директорот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски потпишаа договор за реконструкција на градскиот стадион „Гоце Делчев“ [»мапа], кој предвидува реконструкција на фудбалскиот терен и поставување на природна трева, како и поставување на рефлектори за одигрување на ноќни натпревари, сето тоа со средства од проектот „Хет Трик 4“ на УЕФА во висина од над 1 милион евра.

 

 

 

Покрај финансиските средства од УЕФА, локалната самоуправа со сопствени финансиски средства етапно ќе го изгради покриениот трибински простор за 18.000 гледачи, како и подтрибинскиот простор со сите неопходни пропратни содржини за фудбалерите. Од Општина Прилеп најавуваат дека самите ќе изградат паркинг и хортикултурно ќе го уредат околниот простор. Изготвеното идејно решение за прилепскиот фудбалски стадион предвидува и изведба на стаклена фасада.