Претходна статија
За проширување на на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе се вложат над 3 милиони евра
Следна статија
Се санира пешачко - велосипедската патека на булевар Илинден

Реконструирана градинката „13-ти Ноември“

Објавено на 30.09.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скопската градинка „13-ти Ноември“ од неодамна доби целосно нов лик. Општина Центар инвестираше над 28 милиони денари во темелна реконструкција и проширување на овој образовен објект. Градоначалникот Андреј Жерновски денеска ја посети санираната зграда и лично се увери во комплетираните градежни работи.

 

* Извор на фотографии: Општина Центар

 

 

Од некогашниот стар и руиниран објект останаа единствено ѕидовите, додека сето останато во внатрешноста е променето. Реконструирани се канцелариите, ходниците, санитариите и кујната. Санациониот зафат опфати решавање на проблемот со влагата во објектот, како и изведба на нов паркет и ламинат во просториите.

 

 

 

Отпадните фекални води од објектот, со новопроектираната инсталација, се дистрибуираат со постоечкиот приклучок до градската канализациона мрежа. Од Општина Центар соопштуваат дека допрва следува втората фаза од реконструкцијата, а тоа се горниот дел од занималните, тоалетите, фасадата и административните простории кои ќе бидат готови кон крајот на ноември.

 

 

 

Со комплетираната реконструкција, градинката „13-ти Ноември“ ќе ги запази пропишаните мерки за енергетска ефикасност. Градежните работи ги изведуваше фирмата „Жикол“ од Струмица.