" />
Претходна статија
Се реконструира дел од Првомајска
Следна статија
Продадено земјиште спроти ТЦ Бисер за 600 евра за метар квадратен

Профункционираа велосипедските пунктови во Скопје

Објавено на 28.07.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Велосипедски пункт кај Плоштад МакедонијаНа граѓаните на Скопје од денес за изнајмување по цена од 10 денари за еден час им се достапни 70 велосипеди на три локации во градот. Првите три велосипедски пункта се јавното паркиралиште „Треска“, јавното паркиралиште „Плоштад Македонија“ и кај трговскиот центар „Бисер“ во населбата Аеродром, а велосипедот којшто е изнајмен од една локација може да биде вратен на друга. Ова е прва фаза од имплементацијата на проектот за изнајмување на велосипеди под мотото „Остави го автомобилот, вози велосипед“. Бројот  на пунктови во иднина е планирано да се зголеми во зависност од расположението и заинтересираноста на граѓаните за користење на оваа услуга. Градоначалникот Коце Трајановски ја искористи можноста да истакне дека Скопје се вбројува во градовите кои имаат одлични услови за изградба на велосипедска инфраструктура и дека во изминатиов период активно работи на воведување на велосипедот како алтернативно транспортно средство.