Претходна статија
Охридската променада ќе биде продолжена кон хотел „Парк“
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Се сечат дрвја кај МОБ, нов „барокен“ објект на повидок

Нови автобуски постојки ќе се постават во Битола

Објавено на 04.09.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во наредните шест месеци во Битола и околните села ќе се постават 118 нови и реконструирани автобуски постојки. Од нив, 68 се целосно нови автобуски постојки, додека 50 реконструирани постојки ќе бидат поставени во селските средини до кои сообраќаат приградските линии. „Вкупно ќе се постават 118 постојки, од кои 68 во урбаниот дел, а останатите во руралните места. Во Битола ќе се постават 47 единечни, 11 двојни, 7 единечни со киосци и 3 двојни со киосци“, соопшти битолскиот градоначалник Владимир Талески на денешното промовирање на проектот. На постојките ќе се постави урбана опрема и возен ред на линиите во градскиот и приградскиот превоз.

 

 

 

Поставувањето на новите и реконструирани автобуски постојки ќе го чинат општинскиот буџет 9,5 милиони денари. Приватните превозници во иднина ќе треба да плаќаат надоместок за користење на постојките, или пак, финансиски да учествуваат во нивното реновирање. По главниот град, Битола е вториот македонски град со најдолга историја во јавниот превоз. Автобуските линии во Битола ги одржуваат приватни превозници.