Претходна статија
„Градска куќа“ без кров, прозорци и врати
Следна статија
Непредвидени работи повторно го поскапија довршувањето на катната гаража „Тодор Александров“

Кредит за реконструкција на три училишта во Кавадарци

Објавено на 28.08.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во Кавадарци ќе се реконструираат три училишни објекти. Министерот за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на Кавадарци Александар Панов денеска го потпишаа договорот за обнова на Средното електромашинско училиште, кавадаречката гимназија и основното училиште „Тоде Хаџи Тефов“. Финансиите се обезбедени преку кредитното задолжување кај Светската банка во висина од 41 милион денари (660 илјади евра). Со реконструктивниот зафат ќе се подобрат условите за посетување настава на околу 2.000 деца. Во согласност со изработената документација, во училиштата ќе се промени покривот и прозорците, додека во гимназијата ќе се реализира доградба и проширување на објектот со уште осум училници. Општина Кавадарци со реновирањето на овие три училишни згради ќе го заврши проектот за реконструкција на сите 10 училишта што се наоѓаат на нејзината територија.