Претходна статија
Булеварот „Партизански одреди“ ќе се проширува
Следна статија
Драстичен пад на добивката на штипски „Бетон“

Повеќе патници, помалку стока превезени од транспортерите

Објавено на 27.08.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонскиот транспорт бележи раст кај превозот на патници и позначително намалување на товарниот превоз во периодот април – јуни 2015 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во патниот патнички превоз биле превезени 1.898.000 патници, односно за 11,3% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Во идентичниот период со воз биле транспортирани 205.000 патници, што претставува пораст од 7,3% во однос на вториот квартал од 2014 година. Статистичарите забележале раст од 4,7% кај бројот на патници во воздухопловниот превоз, или пресметано во бројки, услугите на аеродромите во Скопје и Охрид ги користеле 366.150 патници. Во второто тримесечје од годинава се превезени 21.270.000 патници во градско – приградскиот превоз.

 

 

 

Во истиот период, во споредба со второто тримесечје од 2014 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 9,6%, драстичен пад е констатиран во железничкиот товарен превоз за 36%, додека во авиосообраќајот намалувањето изнесува 14,8%.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk