Претходна статија
Од новата фонтана на плоштадот „Македонија“ прскаат нови договори
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Мавровското езеро доби нова пешачка патека, но и проблеми со неа

Распишан тендер за пешачко – велосипедска патека во Марино

Објавено на 22.08.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Илинден денеска објави тендер за избор на компанија што ќе ја гради пешачко – рекреативната патека во село Марино. Патеката долга два километри ќе се гради по должина на улицата „532“, од пешачкиот мост над каналот „Главен канал – горна зона“ до влезот во ова населено место. Општинарите предвидуваат дека реализацијата на проектот ќе го чини локалниот буџет околу 235.000. Пешачко – рекреативната патека ќе се изведе врз основа на изготвеното идејно решение на фирмата „Проект Инженеринг“ од Скопје.

 

 

 

Проектната документација предвидува изградба на пешачка патека, рекреативна и велосипедска патека, патека за ролери и скејтборди, како и ново зеленило во околниот простор. Локалната самоуправа планира долж патеката да постави фитнес реквизити и реквизити за ролери и скејтборди, вештачка карпа за качување, пешачки мост на почетокот од улицата и целосно осветлување. Рокот за изведувачот да ги комплетира градежните работи е 12 месеци. Заинтересираните треба да ги достават своите понуди најдоцна до 10 септември.