Претходна статија
Косовската фирма „Ескаватори“ стартуваше со втората фаза од реконструкцијата на скопскиот булевар Јане Сандански
Следна статија
Во јуни се издадени 186 одобренија за градење

Во Куманово ќе се реконструираат постари станбени објекти

Објавено на 14.08.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Куманово и „Хабитат Македонија“ ќе инвестираат во подобрување на енергетската ефикасност на станбените згради што се наоѓаат на територијата на овој град. Локалната самоуправа објави јавен повик за пријавување на заинтересирани заедници на сопственици на станови на подрачјето на Куманово за реконструкција на колективните станбени објекти. Санациониот зафат опфаќа целосна обнова на зградите, вклучувајќи изведба на термичка фасада, обнова на кровната конструкција и покривачите на станбените објекти. Приоритет ќе им биде даден на зградите што се наоѓаат во централното градско подрачје.

 

 

 

При рангирањето на поднесените пријави од станарите ќе се врши селекција на зградите врз основа на три критериуми: локација на објектот, висина на процентот на согласни станари за замена на прозорци и балконски врати и старост на зградата, односно амортизираност на кровниот покривач и на фасадата. Инвестицискиот циклус е резултат на соработката помеѓу општина Куманово и „Хабитат Македонија“. Локалната самоуправа го субвенционира реконструктивниот зафат со 20% од целокупните трошоци, додека преостанатите финансиски средства се обезбедени преку поволен кредит за станарите од страна на „Хабитат Македонија“.

 

 

Бојан Блажевски