Претходна статија
Градоначалникот смирува, екологистите се бунат за изградбата на леарница во Пробиштип
Следна статија
Русинот Самсоненко ќе го гради фудбалскиот тренинг - центар во Хиподром

Градежниците ги демантираат наводите од анализата на „Фортон“

Објавено на 30.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната комора при Сојузот на стопански комори денеска ги демантираше информациите објавени во анализата на консултантската фирма „Фортон Македонија“ во однос на цената на становите и процентот на профит на компаниите што се занимаваат со изградба на колективни згради. „Во Скопје производната цена на метар квадратен нето станбен простор е околу 900 евра, а не помеѓу 450 и 660 евра“ истакна Ивица Јакимовски од компанијата „Голден Арт“. Тој посочува дека со ваквите тврдења на „Фортон“ се девалвира вредноста на непродадените станови на градежните компании.

 

 

 

Од Градежната комора тврдат дека во сумата од 450 до 660 евра евра за метар квадратен што ја пресметала „Фортон Македонија“ не влегуваат трошоците за заедничките простории во зградите, како што се скалите, лифтовите и ходниците. „Нас ни остануваат 82 евра за метар квадратен или околу 8,7 проценти, а не 25 или 40 отсто. И тоа не е сè. Ова е чист остаток доколку проектот се продаде додека е во реализација. Ако не се продаде, тешко нас“, истакнува Зоран Дабевски од градежната фирма „Дабар“.

 

Со своја реакција за последната анализа на пазарот на „Фортон Македонија“ денеска излезе и фирмата „Настел“. Оттаму посочуваат дека во Градежната комора на Р.М. официјално членуваат околу 300 компании кои активно работат во оваа носечка гранка во растот на македонската економија години наназад. Од „Настел“ ги оквалификуваа како лажни тврдењата дека само пет градежни компании држат 60% од пазарот на недвижности во Македонија. Воедно, од компанијата оценуваат дека се невистинити информациите за пазарната вредност на становите. „Најавата дека има простор и дека цената на становите може да паѓа е неточна и само му нанесува штета на пазарот на недвижности, бидејќи луѓето може да бидат заведени и да ја одлагаат реалната потреба од купување на стан чекајќи цената навистина да падне“, се наведува во реакцијата на „Настел“.