Претходна статија
Просечната цена на становите во Скопје е 979 евра за метар квадратен
Следна статија
Ќе се подготви техничка документација за целосна санација на домот „Гоце Делчев“

50.000 евра за довршување на санацијата на Костурницата во Велес

Објавено на 29.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Националниот конзерваторски центар ја ангажираше градежната фирма „СИНТЕК – СПЕЦИФИК“ од Скопје за санација на Спомен – костурницата на паднатите борци од НОВ од Велес и Велешко. Станува збор за последната фаза од реконструкцијата на ова значајно спомен – обележје во Велес, за чие остварување се одвоени 3.126.123 денари или околу 50.000 евра. Од Министерството за култура на почетокот од годинава најавија дека проектот за санација на Спомен – костурницата ќе биде завршен најдоцна до крајот на 2015 година.

 

 

 

Во досегашните етапи од санациониот зафат беа изведени превентивни активности за надминување на проблемот со прокиснување во објектот. Реализирано е интервентно санирање на екстериерот, променети се оштетените делови и поставен е нов плексиглас, а во претстојната фаза треба да се реконструира внатрешноста на градбата. Градежниот зафат за санација на спомен – обележјето се одвива веќе две години.

 

Спомен – костурницата во Велес е отворена за посетителите во 1979 година. Ова здание е дело на академскиот вајар Љубомир Денковиќ и архитектот Саво Суботин од Србија. Бетонската конструкција во форма на афионов цвет е подигната во чест на загинатите велешки борци од Втората светска војна. Во објектот е сместен и најголемиот мозак во земјава, дело на познатиот македонски уметник Петар Мазев.

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски