Претходна статија
Жерновски: Ќе го отстраниме влезот во седиштето на ВМРО–ДПМНЕ ако е дивоградба
Следна статија
„Барокот“ ја стопира подземната сообраќајница зад „Рамстор“

При крај е реконструкцијата на Железничката станица во Скопје

Објавено на 20.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Железничката станица во Скопје за три до четири месеци ќе го добие новиот изглед. Реконструктивниот зафат вреден 2,5 милиони евра се наоѓа во завршна фаза од реализација. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на МЖ Инфраструктура Ирфан Асани денеска на терен извршија увид во градежните активности. „Два перона се целосно направени, се работи на третиот перон, лифтовите се 90 проценти завршени. Дел од санитарните јазли, на северната страна, се 100 проценти завршени, а во другите делови 90 проценти. Се работи и на електричните и климатизациските инсталации кои се завршени околу 80 проценти. Има ново варосување, а потоа и целосно чистење“, вели директорот на МЖ Инфраструктура Ирфан Асани.

 

 

 

Проектот за санација на железничката станица во Скопје опфаќа подигнување на нивото на пероните, реконструкција на внатрешноста, поставување на лифтови, нови информативни табли и инсталирање на фотонапонски панели на покривот од објектот. Од вкупната сума за остварување на проектот, 85% од финансиските средства се обезбедени од ИПА фондовите на Европската унија. Проектната документација ја изработи холандската фирма „Гронтмеј“ (Grontmij), изведувачи на градежните работи се македонските „Инком Инженеринг“, „Бонор Инженеринг“ и „Глобоцки“, додека надзорот го врши италијанската фирма „АРС Проџети“ (ARS Progetti SpA).