Претходна статија
ЈСП од 1 август воведува електронска наплата на билети
Следна статија
ЕЛЕМ ќе вложи 710.000 евра за велосипедска патека кај езерото Козјак

Ќе се гради пешачко – велосипедска патека во Марино

Објавено на 14.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Фирмата „Проект Инженеринг“ од Скопје е избрана од општина Илинден за да го изработи идејното решение за изградба на пешачко – велосипедска патека во село Марино. Патеката долга два километри ќе го опфаќа просторот по должина на улицата „532“, на потегот од пешачкиот мост над каналот „Главен канал – горна зона“ до влезот во ова населено место. На победникот на архитектонскиот Конкурс му е доделена прва награда во износ од 90.000 денари. Покрај првонаградениот труд, во пропишаниот рок биле доставени уште два труда од други автори.

 

 

 

Идејното решение се состои од пешачка патека, рекреативна и велосипедска патека, патека за ролери и скејтборди, како и околно зеленило. По нејзината должина е зацртано да се постават фитнес реквизити и реквизити за ролери и скејтборди, вештачка карпа за качување, пешачки мост на почетокот од улицата, а предвидено е и целосно осветлување на патеката. Проектот има цел подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците и велосипедистите. Општина Илинден исто така има за цел со идна изградба на патеката да ги мотивира младите луѓе да се занимаваат со спортски активности.