Претходна статија
ТЕМА: Железничкиот транспорт на патници и стока тоне без престан
Следна статија
Се планира надградба на граничните премини Табановце и Ќафасан

Конзервација и реставрација на објектот Магаза во Охрид

Објавено на 30.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со финансиска поддршка на Министерството за култура, стручните екипи на Заводот за заштита на културното наследство и музеј Охрид, ќе работат на санацијата и реставрацијата на фасадата на објектот наречен Магаза, лоциран во старата Охридска чаршија непосредно до познатиот Чинар. Санацијата и реставрацијата на објектот изграден од камен во втората половина од XIX век од непознати мајсторски тајфи е во рамките на повеќегодишниот проект за обнова и конзервација на повеќе фасади од старата градска архитектура во значајните градски јадра низ Македонија. Со зафатот е предвидено да се промени столаријата и да се санира покривната конструкција на објектот.

 

* Извор на фотографија: Министерство за култура

 

 

„НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид годинава ќе ги обнови и фасадите на куќите на Ѓурчинови и Димзови, како и на објектот во кој е сместено Радио Охрид“.