Претходна статија
Нова детска градинка се гради во Пинтија
Следна статија
Трета Летна школа за архитектура во Охрид

Ќе се реконструираат 23 основни училишта низ цела Македонија

Објавено на 29.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Од државниот буџет за тековната 2015 година се предвидени средства за реконструкција на 23 основни училишта, лоцирани во неколку македонски општини. Министерството за образование и наука денеска го распиша тендерот за избор на најповолен понудувач што ќе ги изведува градежните работи во наредните 12 месеци. Проценетата вредност на целиот проект изнесува 137.104.311 денари, односно над 2,2 милиони евра. Заинтересираните градежни компании треба да ги достават своите понуди најдоцна до 20 јули.

 

Со проектот се опфатени училиштата „Истикбал“ во Тетово, „Наим Фрашери“ во Куманово, „Браќа Мигени“ во Тетово, „Сабедин Бајрами“ во тетовското село Камењане, „Кирил и Методиј“ во скопско Стајковци, „Страшо Пинџур“ во валандовското село Јосифово, „Гоце Делчев“ во Кавадарци, „Перпарими“ во гостиварско Форино, Страшо Пинџур во Карбинци, „Методи Мицевски – Брицо“ во Лозово, „Гостивар“ во Гостивар, „ГК Скендербег“ во скопско Арачиново, „Наим Фрашери“ во село Морани, „Гоце Делчев“ во Тетово, „Гоце Делчев“ во Виница, „Мурат Лабуништи“ во Лабуништа, „Св. Кирил и Методиј“ во струмичкото село Иловица, „Св. Климент Охридски“ во Делчево, „Блаже Конески“ во Скудриње, „Даме Груев“ во село Ерџелија, „Пашко Васа“ во село Групчин, „Дитурија“ во скопско Сарај и „Лирија“ во село Вруток.