Претходна статија
Почнува изградбата на спортска сала за Домот за деца без родители „11 Октомври“
Следна статија
Градежниот сектор со помала побарувачка за материјали и енергија

Во Велес продадени парцели за фабрики, станбена зграда и хотел

Објавено на 26.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Велес на денешното електронско јавно наддавање успеа да продаде четири градежни парцели на три различни локации во градот и неговата непосредна околина. Во велешката касарна по цена од 1.518 денари за метар квадратен е продадено земјиште од 6.074 метри квадратни за изградба на станбена зграда. Во индустриската зона „Речани“ се отуѓени две локации за подигање на објекти за сервисни дејности и лесна и незагадувачка индустрија со површина од 3.028 и од 1.584 метри квадратни. Нивната цена достигна 191, односно 151 денари за метар квадратен.

 

 

 

Најголемиот интерес на електронската лицитација привлече продажбата на градежна парцела од 4.492 метри квадратни покрај велешкото езеро „Младост“, по цена од 313 денари за метар квадратен. На ова место, во иднина треба да се издигне хотелски комплекс со приземје и три ката на бруто развиена површина од 6.163 метри квадратни. Вкупната површина на продаденото градежно земјиште изнесува 15.178 метри квадратни. По уплатените финансиски средства од идните инвеститори, општина Велес во следните 15-тина дена треба да ги потпише договорите за отуѓување на земјиштето, со што ќе бидат откриени и компаниите кои решија да инвестираат во овој македонски град.