Општина Битола распиша оглас за продажба на 24 градежни парцели на три различни локации во градот. Во индустриската зона „Жабени“ се отуѓуваат 11 локации со површина од 3.800 до 13.102 метри квадратни за градење на објекти со комерцијални и деловни намени, производство, дистрибуција и сервис. Во некогашната битолска касарна се продаваат две парцели за катни гаражи, пет за станбени згради, една за хотелски комплекс и четири наменети за домување во станбени куќи. Кај локалитетот Француски гробишта се нуди неизградено земјиште од 32.045 метри квадратни, каде е предвиден производствен погон од лесната индустрија.
* Некогашната битолска касарна „Стив Наумов“
Вкупната површина на огласеното земјиште за продажба изнесува 13,7 хектари. Локалната самоуправа предвидела различна почетна цена на понудените места за градење, кои се движат од 61 до 2.570 денари за метар квадратен. Заинтересираните инвеститори треба да ги достават своите пријави за учество на електронското јавно наддавање најдоцна до 7 јули. Електронската лицитација е планирано да се одржи на 15 јули.