Во соработка помеѓу Турската агенција за соработка и развој ТИКА и македонски стручни лица и експерти, во изминатиов период беше реализиран проектот за реставрација и конзервација на Исхакија џамијата во Битола, информираат од Министерството за култура. Овој вреден споменик на културата од османлискиот период е изграден во XVI век. За остварување на зафатот, Министерството за култура, односно Националниот конзерваторски центар од Скопје во 2010 година потпиша протокол за меѓународна соработка со агенцијата ТИКА, во чии рамки беше предвидена реставрација и конзервација на Исхакија џамијата во Битола.
* Извор на фотографии: Министерство за култура