Претходна статија
Почна проширувањето на улицата Маџари во општина Гази Баба
Следна статија
Избрано идејно решение за новиот Луна парк во Скопје

Се обновува источниот конак на манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Варош

Објавено на 19.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј – Прилеп интензивно работат на третата, последна фаза од темелната реконструкција на источниот конак од манастирот „Св. Архангел Михаил“ лоциран близу прилепската населба Варош. Според денешното соопштение на Министерството за култура, севкупните работи од третата фаза се очекува да завршат до октомври годинава. Периодов се изведуваат активности околу завршните работи на подовите, таваниците, поставување на санитаријата и монтирање на вратите и прозорците на новиот конак, кој се гради на површина од 292 метри квадратни.

 

* Извор на фотографија: Министерство за култура

 

Проектот за обнова на источниот конак од црквата „Св. Архангел Михаил“, кој е главната и единствена манастирска црква во варошкиот манастир, е дел од програмата на Владата на Република Македонија и Министерството за култура. Манастирскиот комплекс со црквата посветена на Св. Архангел Михаил се наоѓа во подножјето на Маркови кули во населбата Варош и истата датира од XIII век.