Претходна статија
„Го сакам ГТЦ“ реагира на изјавата на претседателот Ѓорге Иванов
Следна статија
ПроКредит банка гради деловен објект во Карпош 3

Државата сопственик на 18 дивоградби

Објавено на 19.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

На територијата на Република Македонија во текот на 2014 година се регистрирани 1.075 бесправно изградени објекти, од кои најголемиот број, или вкупно 196 претставуваат објекти за домување. Од вкупниот број на дивоградби, 97,5% се во приватна сопственост. Она што загрижува од статистичкиот извештај е податокот дека државата е сопственик на 18 бесправно изградени објекти низ целата земја. Државните органи не обезбедиле градежна дозвола за два објекти за домување, четири деловни објекти, две огради, едно скалило, една летна тераса, две настрешници, два времени објекти и четири помошни објекти.

 

 

 

На врвот на листата на региони во кои има најмногу дивоградби се наоѓа главниот град со 304 бесправно изградени објекти. На неславното прво место се наоѓа општина Карпош со 91 дивоградба, а по неа следува Чаир со 63 објекти за кои не е издадено одобрение за градење. Погледнато по локални самоуправи, убедливо најголемо непочитување на правилата за градење постои кај општина Охрид. Во овој македонски град лани се регистрирани дури 109 бесправно изградени објекти, додека следен на листата е Тетово со 54 објекти. Државниот завод за статистика еднаш годишно подготвува извештај за бројката на бесправно изградени објекти на територијата на целата земја.

 

 

Бојан Блажевски