Претходна статија
Менаџерите со оптимизам кон деловните тенденции во градежништвото
Следна статија
Општина Центар ќе изведе три нови термички фасади

Заев: Премиерот Никола Груевски пикирал да се гради барокна зграда во паркот кај хотел „Бристол“

Објавено на 15.05.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонскиот премиер Никола Груевски лично побарал да се гради барокниот објект на Советот за радиодифузија (Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги) во некогашниот парк спроти хотелот „Бристол“ во центарот на Скопје [»мапа]. Со ова обвинение, претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска излезе на прес – конференција на која презентираше нови прислушкувани разговори, во кои како што тврди тој, се слушаат гласовите на премиерот Никола Груевски и на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. „Груевски го пикирал парк кај хотелот „Бристол“ во Скопје и бара од Јанакиески таму насила да никне барокна зграда“ изјави Зоран Заев. Објектот за кој се дискутира во објавените разговори е барокната палата „Панко Брашнаров“.

 

###

 

 

Во објавениот материјал на прес – конференцијата се слуша договарање за изградба на барокен објект во паркот спроти хотелот „Бристол“, но и детали за тоа која институција ќе се смести во палатата. „Знам дека е начичкано, ама со грди згради е начичкано, сакам да го разубавам просторот“, му вели премиерот Никола Груевски на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во дел од прислушкуваните разговори. Во објавените аудио снимки се говори и за останатите административни згради што се градат кај хотелот „Бристол“.

 

Зданието на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е планирано да има приземје, осум ката и поткровје. Административците ќе се сместат во канцелариски простор од 4.099 метри квадратни, за кои досега се издвоија околу 4,4 милиони евра. Дополнителни финансии треба да се алоцираат за ентериерно уредување на барокниот објект и за негово опремување. Барем во официјалните документи, идејното решение за овој објект е изготвено од авторите Жарко Чаушевски и Никола Стакинов, додека ревидираниот основен проект го изработи „Прима инженеринг“. Градежните работи ги изведува „Декон – Ком“.

 

 

» Форумска дискусија за објектот „Палата Панко Брашнаров“