Претходна статија
Македонските градежни компании со помал обем на работа во странство
Следна статија
ДОПОЛНЕТО: Новиот објект на Турскиот театар остана на темели!

Општина Центар го почна проектот „Цел Центар на точак“

Објавено на 13.05.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со средства од буџетот на скопската Општина Центар ќе се субвенционира купувањето на 1.111 нови велосипеди за жителите на општината. Градоначалникот Андреј Жерновски напоменува дека успешниот проект од минатата година ќе продолжи и годинава. „Се надевам дека и годинава ќе има голем интерес. Жителите треба да донесат копија од лична карта со која потврдуваат дека се жители на општина Центар, фискална сметка и сметкопотврда за купен велосипед и трансакциска сметка“, рече Жерновски. Општината, исто како и минатата година, ќе субвенционира до 3.000 денари за секој купен велосипед.

 

* Извор на фотографија: општина Центар

 

 

Преку проектот „Цел Центар на точак“ во текот на минатата година општината субвенционираше средства за купување на 860 велосипеди. Општина Центар е единствената локална самоуправа во земјава што го стимулира користењето на велосипедот како превозно средство во градскиот сообраќај.