Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Се лепи „барокот“ на зградата на „Водовод и канализација“
Следна статија
12 концесионери ќе градат нови мали хидроелектрани

Помалку станови предвидени за градење во март, драстичен пад на вкупната квадратура

Објавено на 08.05.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Деловните субјекти и физичките лица во март 2015 година го започнале процесот за реализација на 487 нови станбени единици, со вкупна корисна површина од 34.668 метри квадратни. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на предвидени станови за градење е намален за 17,2%, додека површината на идните живеалишта во март 2015 година е помала за дури 46,7% во споредба со идентичниот месец од минатата година. Компаниите прибавиле одобренија за градење на 303 станбени единици со корисна површина од 16.909 метри квадратни, додека останатите станови ќе ги градат физички лица.

 

 

 

Како и во досегашната практика, интересот на приватниот сектор за вложување во овој вид недвижности во земјава е насочен кон изведба на трисобни (227) и двособни станови (140). Вниманието во текот на март 2015 година е насочено кон скопскиот регион, каде што е предвидено да се издигнат 364 нови станови. Погледнато во делот на локални самоуправи, најмногу одобренија за градење на нови станбени единици се издадени од општина Аеродром (208), а потоа следуваат општина Ѓорче Петров (51) и општина Центар (46).

 

Државниот завод за статистика во редовниот месечен извештај информира дека во март 2015 година се издадени 238 одобренија за градење, што е за 5,9% помалку во однос на истиот период од минатата година. Предвидената вредност на новите објекти изнесува 3.838.874 илјади денари, што е за 82,3% помалку во споредба со идентичниот период лани. Од вкупниот број градежни дозволи, 133 (55,9%) се наменети за објекти од високоградба, 36 (15,1%) за објекти од нискоградба и 69 (29%) за зданија за реконструкција.

 

 

Бојан Блажевски