Претходна статија
Штипски „Бетон“ со намалена добивка во првиот квартал
Следна статија
„Антура“ отвори фабрика за производство на расади во Кочани

Градот Скопје со нов архитектонски конкурс за Луна паркот

Објавено на 05.05.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По неуспешниот завршеток на првиот архитектонски Конкурс, градската власт денеска го распиша вториот по ред повик до архитектонската јавност за доставување идејни решенија за идниот Забавен парк што би се градел во Градскиот парк во Скопје. Од авторите се бара економичност на решението, инвентивност во пристапот на обликувањето, изводливост и одржливост на проектот и целосно почитување на програмските барања. Архитектонските трудови треба да се достават до Градот Скопје најдоцна до 9 јуни.

 

 

 

На авторот што ќе го изготви најуспешното идејно решение е предвидено да му се додели прва награда во вредност од 200.000 денари, втората награда е во висина од 100.000 денари, додека третонаградениот труд ќе се стекне со 80.000 денари. На првичниот Конкурс од декември минатата година пристигнаа две идејни решенија, но градските власти одлучија дека ниту еден од нив не ги исполнува условите и барањата од конкурсната документација.

 

 

Бојан Блажевски