Претходна статија
Се најдоа пари и за пристапната улица околу плоштадот „ВМРО“
Следна статија
„Јахја Кемал“ отвора современ образовен објект во Тафталиџе

Се санира фасадата на Архивската зграда во Струмица

Објавено на 04.05.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Извор: Министерство за култураАрхивската зграда во Струмица ќе се стекне со обновен и освежен надворешен изглед во рамките на Акцискиот план на Владата на Македонија за санација на фасади од староградската архитектура. Во тек реализација на проектот за санација и реставрација на фасадата на овој знаменит објект, изграден во периодот меѓу 1931 и 1934 година. Архивската зграда во Струмица е архитектонски пример на сецинистичкиот стил, и како таква, претставува споменик на културата заштитен со закон. НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица го изработи основниот проект за претстојниот зафат, а очекувањата се дека санацијата на фасадата ќе заврши до крајот на годинава. Во објектот е сместена репрезентативна музејска поставка, која ја отсликува историјата и традицијата на овој македонски град низ вековите.