„Урбан инвест“ ќе ја изведува новата пристапна улица околу плоштадот „ВМРО“ во центарот на Скопје. Градските власти потпишаа договор во вредност од 15.115.448 денари (околу 250 илјади евра) за изградба на инфраструктурниот објект во близина на седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Градежните работи ќе се одвиваат во временски период од три месеци и коинцидираат со завршувањето на активностите за реализација на плоштадот и на новото партиско седиште. Од буџетот на Градот веќе се одвоија 1,3 милиони евра за плоштадот „ВМРО“ со површина од 681 метар квадратен. На замислената јавна површина веќе е во тек изведбата на нова фонтана и спомен обележје, за кои идејниот проект го изработи скулпторката Елена Дуковска.
Бојан Блажевски