Претходна статија
Удобноста во домот – една од поважните компоненти за квалитетен живот
Следна статија
Во „Св. Јован Бигорски“ осветени конаците Горни и Источен Палат

Пропадна архитектонскиот Конкурс за нов Луна парк во Скопје

Објавено на 26.04.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје не избра архитектонски труд за новиот Луна парк што е предвидено да се гради во Градскиот парк. На Конкурсот пристигнаа две идејни решенија, но градските власти одлучија дека ниту еден од нив не ги исполнува условите и барањата од конкурсната документација. Во изјава за „Утрински весник“, од Градот Скопје велат дека дополнително ќе донесат одлука како ќе продолжи постапката за изработка на идејно решение.

 

 

 

Новиот забавен парк треба да се гради на местото на постоечкиот Луна парк и да се простира на површина од 40.000 метри квадратни. Градот Скопје безуспешно се обидува да ја стартува постапката за изградба на новиот Луна парк уште од 2011 година, трагајќи по приватни компании заинтересирани за овој бизнис. Во потрага по нов модел за реализација на проектот, градската власт на крајот од декември минатата година распиша Конкурс за идејно решение на Луна паркот.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект