Со проектот „Енергетска ефикаснот за секторот домување“ во организација на „Хабитат Македонија“ и УСАИД, извршени се реконструктивни зафати врз пет станбени згради во Прилеп во правец на подобрување на нивната енергетска ефикасност. Извршена е промена на дограмата во две згради (едната на ул. „Борис Кидрич“ бр.16 а другата на ул. „Јоска Јорданоски“ бр.3), а во две згради во населбата „Димо Нареднико“ и една во населбата „Точила“, покрај промена на дограмата, во договор со станарите е извршена интервенција и врз фасадата, стакларниците и промена на кровната конструкција.
Средствата за реализација на овие градежни активности кои за 30% ја подобруваат енергетската ефикасност на објектите се од обновливите фондови на проектот, во форма на поволни заеми и истите се враќаат во период од три до десет години, во зависност од условите и економската состојба на станарите. Општина Прилеп е вклучена во реализација на овој проект со тоа што субвенционира до 50% од средствата за промена на фасада во зградите каде што има социјално загрозени семејства.