Претходна статија
Оградата на мостот „Слобода“ ќе проголта уште 260.000 евра!
Следна статија
Млади архитекти ќе креираат нови решенија за струшкиот плоштад

Студентите по архитектура и утре ќе предаваат за ГТЦ

Објавено на 14.04.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во рамки на кампањата „Излези за ГТЦ“, студентите од Архитектонскиот факултет во Скопје утре ќе одржат втора прошетка и предавање низ Градскиот трговски центар. Од граѓанската иницијатива информираат дека настанот може да го проследат сите што сакаат да дознае повеќе за културните и архитектонски вредности на објектот, неговиот историјат, но и други интересни факти поврзани со ГТЦ. Предавањето почнува на платото на ГТЦ од страна на Жена парк. Студентите по архитектура и минатата недела одржаа предавање за граѓаните заинтересирани за интересните факти и вредностите што стојат позади ова здание.

 

 

 

Кампањата „Излези за ГТЦ“ вклучува серија од промотивни активности за анимирање на граѓаните да излезат на референдумот што ќе се одржи на 26 април. Прашањето кое им се поставува на жителите на Центар е: „Дали сте за зачувување на автентичниот лик на ГТЦ?“.