Претходна статија
Тетово чека четири години на воведување на зонско паркирање
Следна статија
Музика и насмеани лица на почетокот од кампањата „Излези за ГТЦ“

Уште 4,3 милиони евра ќе се потрошат за Собранието

Објавено на 06.04.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

За довршување на реконструкцијата на парламентарниот дом ќе бидат потрошени дополнителни 262.911.673 денари (околу 4,3 милиони евра). Парите се наменети за изведба на градежни и градежно – занаетчиски работи. Според информациите објавени на веб – страницата на Бирото за јавни набавки, кон крајот на март годинава е потпишан нов договор со градежната компанија „Бетон“ од Скопје во времетраење од 24 месеци. На тендерот учествувале три компании, а „Бетон“ доставил најевтина понуда. Стручниот надзор над градежните активности ќе го врши фирмата „Геинг“ од Скопје, за што е склучен договор во вредност од 3.917.384 денари.

 

* Реконструкција на Републичкото собрание
Фото: Архива на „Билд“

 

Засега нема официјално известување од Собранието на Република Македонија за тоа какви конкретни зафати ќе се вршат во иднина врз административната зграда, ако се земе во предвид фактот што објектот се реконструира и надградува цели пет години наназад. Остварувањето на овој градежен проект веќе требаше да биде одамна завршено. Со најновиот договор, вкупната сума за санација и надградба на парламентарното седиште надмина 15 милиони евра. Во изминатиов период беа изведени три куполи, канцелариски простор за пратениците и собраниски сали за седници, а беше реконструирана и фасадата на објектот.

 

Собранието е изградено во 1938 година, според проектот на чешкиот архитект Виктор Ј. Худак. Архитектонскиот конкурс за проектирање бил објавен во 1930 година, а на него победил авторот Виктор Лукомски. Тековната интервенција на собраниската зграда започна во 2010 година.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Бојан Блажевски