Претходна статија
Три години се врти во круг подземната сообраќајница зад „Рамстор“
Следна статија
Нова „бомба“ на СДСМ: Груевски лобира за барокни фасади на ЕВН и на „Сити галери“

„Урбан инвест“ ќе го догради плоштадот „Пресвета Богородица“

Објавено на 26.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје ќе ја реконструира левата страна на Кејот на Вардар, на потегот помеѓу булеварите „Филип Втори Македонски“ и „Крсте Петков Мисирков“. Со овој проект во наредните девет месеци ќе се проширува плоштадот „Пресвета Богородица“ кон реката Вардар и јавниот простор ќе се оформи како единствена целина. На неодамна завршениот тендер биле доставени осум понуди, а за најповолен понудувач е избрана фирмата „Урбан инвест“ од Кавадарци.

 

 

 

Во реконструкција на улицата „Димитар Влахов“ од градскиот буџет се предвидени 34.295.857 денари, односно околу 550 илјади евра. Вкупниот трошок за новиот плоштад пред црквата „Св. Богородица“ достигна 4,7 милиони евра, ако се земат во предвид и парите потрошени за изведба на самиот плоштад во периодот до август 2013 година. Покрај поплочување и осветлување на просторот, плоштадот „Пресвета Богородица“ тогаш доби и три фонтани со скулптури на Пресвета Богородица, на свети Никола и на свети Петар и Павле.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Бојан Блажевски