Новите простории на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје се речиси готови. Објектот се гради во партнерство со градежната компанија „Бетон“ од Скопје, која целосно го понесе финансискиот товар на инвестицијата, а за возврат доби дел од новиот објект, кадешто треба да профункционира хотел и деловен центар. Делот од објектот што ќе му припадне на „Бетон“ се гради побавно и сè уште е во фаза на отворена карабина.
Објектот почна да се гради во 2013 година на местото на старата „жолта куќа“ кадешто дотогаш функционираше централата на ВМРО-ДПМНЕ. Изведувач на градежните работи е „Бетон“, а надзорот го врши „Евро Консалтинг“. На просторот пред зградата истовремено тече и изградбата на плоштадот „ВМРО“.
» Форумска дискусија за овој проект