Претходна статија
Се продава земјиште за изградба на хотел и куќи на Мавровското езеро
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ е речиси готово

Обновливите извори на енергија сè уште неискористен потенцијал

Објавено на 24.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Приватниот сектор во земјава се жали на честото менување на законите, долгите административни процедури, имотно – правните спорови и недоволниот капацитет на локалните самоуправи при реализацијата на енергетските објекти што ги користат обновливите извори при производството на електрична енергија. Ваквата оценка ја испратија компаниите на денешниот Петти форум на чинители и засегнати страни во областа на обновливите извори на енергија, што се одржа во просториите на Стопанската комора на Македонија..

 

извор: Стопанска комра на МакедонијаНа денешниот настан зедоа учество вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, Претседателот на Групацијата на обновливи извори на енергија во рамките на Стопанската комора на Македонија Кочо Анѓушев и директорот на мисијата на УСАИД во Македонија Џејмс Стајн. Со дел од актуелните проблеми со кои се соочуваат компаниите се сложи вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, но притоа посочи дека се прават напори за да се подобри ситуацијата. Според него обновливите извори на енергија не се доволно искористени, иако владата изминативе години направила многу од аспект на регулативата и процедурите.

 

Според претседателот на Групацијата на обновливи извори на енергија во рамките на Стопанската комора на Македонија Кочо Анѓушев, во Македонија во енергетските капацитети што ги користат обновливите извори на енергија досега се вложени од 250 до 300 милиони евра, од кои 170 милиони евра се реализирани. „Во Македонија изминативе години се реализирани над 40 мегавати хидроенергија (мали хидроелектрани), 36 мегавати ветерни електрани и над 15 мегавати фотоволтаици. Во градба се уште околу 50 мегавати мали хидроелектрани или вкупно 130 мегавати снага што е скоро колку „Света Петка“ и „Козјак“ заедно“, истакна Анѓушев.

 

Форумите што досега се организираа имаат за цел да овозможат на едно место да се соберат сите чинители и засегнати страни од оваа област, вклучително инвеститори, локални организации, претставници од релевантни министерства, агенции, невладин сектор и меѓународни донатори, кои како резултат треба да генерираат иницијативи и предлози за подобрување на законската регулатива во делот на обновливите извори на енергија.