Претходна статија
„Актива“ отвори нова фабрика во Штип
Следна статија
Скопскиот трамвај со недефинирана иднина

Општина Центар формира комисија за спорните парцели на Водно

Објавено на 17.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска формираше комисија за да испита што точно се случува на подножјето на Водно, откако пред три дена лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави аудио – снимки во кои премиерот Никола Груевски говори за менување на урбанистички планови, за како што наведуваат од СДСМ, купување на парцели од премиерот во вредност од 5 милиони евра. Општина Центар ќе ја испита историјата на ова земјиште, но истовремено ќе им помогне на граѓаните да ги заштитат своите интереси што живеат во овој дел на Скопје.

 

 

 

„Општината и јас, како градоначалник сме тука пред сè да ги заштитиме интересите на граѓаните. Тажно е да се види како зелен појас на Водно, поради нечиј интерес, се претвора во место за парцели за домување“, истакна градоначалникот Жерновски. Првиот човек на општина Центар најавува дека ќе ги преземе сите механизми за да се спречи узурпацијата на Водно. Денес тој имаше средба со Леана Таќи, жителка на улицата Питу Гули. Нејзиниот имот граничи со градежното земјиште, за кое во објавените аудио – снимки разговараат премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

 

Леана Таќи стравува од евентуално лизгање на земјиштето ако се остварат намерите за изградба на станбени објекти на локацијата. На средбата со градоначалникот на општина Центар, таа нагласи дека земјиштето е од глина, додека потпорниот ѕид што е планирано да се гради таму ќе навлезе во нејзиниот двор. „Жителите неколку пати правеа петиции да не се уништи зеленилото, но сè уште нема ништо од тоа. И новинарите правеа неколку стории, но немаше никаква правна разврска“, изјави Леана Таќи.